Tuesday, November 26, 2013

Компјутерска архитектура

Архитектурата на компјутери, како општ поим, се однесува или на целата структура на компјутерскиот и информатичкиот систем, или се однесува само на еден дел од глобалниот систем. 

На сликата погоре можеме да ги видиме влезните и излезните уреди (тастатура, глувче, монитор, принтер, тврд диск, CD-ROM и така натаму.  CPU (централна процесорска единица), примарната меморија и сите други уреди меѓусебно се поврзани по електронски пат кој се нарекува BUS (автобус). 


Исто како градските автобуси и овој BUS ги поврзува и разделува ресурсите на еден компјутерски систем.  Ако влезете во градски автобус на една станица и сакате да стигнете до последната станица на таа линија, мора да застанете на сите попатни станици.  Исто така и компјутерскиот BUS се грижи за сообраќајот помеѓу сите делови поврзани во компјутерот.
Воглавно тоа се податоци кои патуваат од и до централната процесорска единица, но во некој случаи податоците патуваат директно од еден  уред до друг без вклучување на процесорот. Сета оваа активност значи дека автобусот може да биде  преполнет со што се намалуваат перформансите на истиот.
Поради ова компјутерот има повеќе автобуси и на овој начин се олеснува метежот. На пример, од причина што централната процесорска единица и примарната меморија треба да комуницираат многу често, има почесто автобус само помеѓу нив.



2 comments:

  1. Каков автобус, какви сини очи? Каква е оваа неписменост жити се... 😩😩😩

    ReplyDelete