Компјутерите се класифицираат врз
основа на нивната моќ и нивната употреба.
Во продолжение следува најчесто користената класификација на компјутерските
истеми:
Персонален компјутер (PC) е дизајниран
за да се употребува само од едно лице, т.е. во исто време не е
препорачливо да работат повеќе луѓе на него. Тоа е она што повеќето
од нас го сметаат за "компјутер",
бидејќи тоа е вид на компјутерски систем што најчесто го среќаваме. Овие
персонални компјутери (PC) луѓето најчесто ги користат дома, на работа, учениците ги
користат во училиште лаборатории и т.н
Лаптоп е компактен персонален компјутер во кој сите уреди се намалени и сместени во во една кутија со цел да се направи лесно пренослив. Општиот термин "уред" во компјутерската наука се однесува на било која хардверска компонента. Така, под лаптоп се подразбира било кој компјутер каде што сите хардверски компоненти се стени во една лесно пренослива кутија.
Работна станица
е исто така компјутер дизајниран за употреба од страна на
едно лице, но овој компјутер е поврзан на мрежа
- и неколку вакви работни станици претставуваат сет на
компјутери поврзани заедно за споделување на податоци.
Мainframe е моќен компјутер кој се дели од страна
на повеќе корисници во исто време. Секој корисник има терминал, кој
во овој контекст се состои едноставно
од тастатура и екран кои
се користат за пристап до Мainframe
компјутерот. Ако на терминалот нема
ништо повеќе од екран и тастатура истиот
тогаш се вика "нем терминал“. Работната
станица, исто така, може да се користи
како терминал, и во тој
случај се вика "паметни терминал“.
Minicomputer е
било кој компјутер доволно моќен за да се користи од повеќе луѓе, но не е доволно моќен
да се смета за mainframe. Овој
термин веќе излегува од употреба.
За суперкомпјутерите
се сметаат најбрзите компјутерски системи на светот. Бидејќи
оваа класификација се базира врз
перформансите, нема компјутер може да остане во оваа категорија засекогаш. Системите кои
се сметале за суперкомпјутери пред десет години денес
се сметаат за обични (персонални) компјутери.
Сервер е компјутер поставен
на мрежа и истиот обезбедува
услуги на други компјутери. Mainframe компјутерите често
се користат како сервери, но не секој сервер е mainframe. Дури
и персонален компјутер може да биде доволно
моќен за да биде сервер.
Клиент
(Client) е
компјутер кој користи одредени ресурси од некој сервер. Еден
пример на клиент-сервер моделот е банкоматот.
Кога ќе побарате пари од својата сметка на банкомат, банкоматот
мора да се консултираат со централниот компјутер во вашата
банка, за да се утврди дали на вашата сметка има доволно пари. Банкоматот е клиентот
во овој однос, а централниот компјутер во банката е сервер.
Blackjack at MGM Grand - Mapyro
ReplyDeleteFind out how to play blackjack at MGM Grand, including where 진주 출장안마 to play, when to 경산 출장샵 leave 사천 출장안마 and the closest location to 삼척 출장안마 blackjack 영천 출장샵 tables.